Back to Top
HalkPay Screenshot 0
HalkPay Screenshot 1
HalkPay Screenshot 2
HalkPay Screenshot 3

About HalkPay

HalkPay мобилната апликација е достапна за секој клиент со активна платежна картичка од брендот Mastercard издадена од Халкбанк АД Скопје.
Корисникот ја презема апликација HalkPay од GooglePlay Store на Андроид мобилен уред. По превземањето потребно е да се направи регистрација со задолжителните основни податоци како ЕМБГ и последни 4 броја од псевдо бројот на картичката.

Следно, корисникот ќе добие СМС порака со еднократна OTP лозинка (one time password) на неговиот мобилен телефон и ќе ја употреби за да ја активира мобилната апликација HalkPay.
За успешно да се изврши активирањето, корисникот на својот мобилен уред треба да има активирано сигурносни елементи како (отпечаток од прст, лозинка, патерн или идентификација на лице). Доколку мобилниот уред има опција за отпечаток од прст но корисникот го нема активирано овој сигурносен елемент(secure element) самата апликација HalkPay ќе му побара да го внесе, за да може да продолжи со користење на истата. Отпечаток од прст ќе се користи секогаш како secure element за дигитализација на картичките и за плаќање со дополнителна автентикација, доколку мобилниот уред го поседува како secure element, во спротивно ќе се користат останатите елементи.
По успешна активација корисникот избира кои картички сака да ги дигитализира и користи за плаќање со HalkPay. За да може да се користи опцијата Fast pay(брзо плаќање) корисникот треба да избере една платежна картичка како основна картичка, опција која овозможува плаќање без да ја отворите апликацијата HalkPay.

Чекори за регистрација опис за користење на HalkPay мобилната апликација:
Регистрирање
За да биде успешно клиентот треба да ги внесе :
ЕМБГ (Единствен матичен број на граѓанинот) и последните 4 цифри од псевдо бројот на картичката, издадена од Халкбанк АД Скопје.
Мобилниот телефонски број на корисникот треба да биде ажуриран и доставен во Банката како официјален контакт за да може да добие ОТП лозинка која корисникот ќе ја употреби за да ја активира услугата за мобилната апликација HalkPay
Најава
Kорисникот на својот мобилен уред треба да има активирано сигурносен елемент како (отпечаток од прст, идентификација на лице, лозинка или патерн) за да може да се најави на апликацијата.
Плаќање
За успешно да се изврши плаќањето корисникот треба својот мобилен уред да го приближи до ПОС терминалот кој поддржува бесконтактно плаќање. Како основна картичка избира 1 картичка со опција за брзо плаќање или fast payment. Останатите дигитализирани картички може да се користат за плаќање со мобилната апликација доколку пред плаќањето ја одбере конкретната картичка.
За износ под 2.000 мкд корисникот може да плаќа без дополнителна автентикација на мобилниот уред, се до збир од 5 последователни трансакции под 2.000 мкд. На секоја шеста трансакција под 2.000 мкд апликацијата ке побара дополнителна автентикација.
За иснос над 2.000 мкд секогаш ке биде потребна дополнителна aвтентикација.
После секоја дополнителна автентикација потребно е пак да се доближи мобилниот уред до ПОС терминалот за да се комплетира трансакцијата.

За Дополнителна автентикација секогаш ќе биде земен отпечаток од прст доколку мобилниот уред го поседува како безбедносен елемент, во спротивно ќе се користат ПИН или Патерн.

Single tap (трансакција со еден допир на ПОС терминал) –за трансакции под 2.000 мкд
Double tap (трансакција со 2 допира на ПОС терминал) – за трансакции над 2.000 мкд и на секоја шеста трансакција под 2.000 мкд

Доколку корисникот блокира/суспендира одредена платежна картичка во мобилната апликација HalkPay, нема да може да врши плаќања со истата преку мобилната апликација но може да ја користи физичката банкарската картичка.

Доколку корисникот ја блокира физичката картичка поради губење или кражба, истата може да ја користи за плаќање преку моб. апликација HalkPay само додека во истиот момент побара обнова на истата од филијалите во банката или преку контакт центарот на банката кој работи 24/7.

author
Super super
Jovan Pajmakovski
author
Odlicna aplikacija, it was a time. 👍
Dragan Petroski
author
👍
Atila Selim